BebiCol FORTE
Капките BebiCol Forte содржат пробиотска култура на Lactobacillus rhamnosus GG во докажана ефективна доза од 10 милијарди.
Пробиотските капки BebiCol® Forte се препорачуваат за новороденчиња и бебиња од првиот ден од животот:
● за спречување на колики кај бебињата, акумулација на гасови и надуеност
● за превенција и третман на дијареа од сите причини
● за заштита од штетното дејство на антибиотиците
● за надополнување на добрите бактерии во цреват
WGO (Светска гастроентеролошка организација) и ESPGHAN (Европска асоцијација на педијатриски гастроентеролози, хепатолози и нутриционисти) го препорачуваат LGG во превенција на дијареа индуцирана од антибиотици и во третман на акутен гастроентероколитис.
Истражувањата покажаа дека бебињата кои страдаат од колика имаат намален број на пробиотски бактерии во нивните црева.
Бебињата родени со царски рез, предвреме, бебињата кои не се доени или користат антибиотици имаат недостаток на добри бактерии во цревата.
Начин на употреба за новороденчиња, доенчиња и деца:
- 7 капки, еднаш дневно, за колика и функционална стомачна болка.
- 14 капки, еднаш дневно, за сите други индикации (акутен гастроентеритис, при антибиотска терапија, за реколонизација на цревната флора).
