Истражете. Запознајте се. Откријте.

ВАШИОТ МИКРОБИОМ

Микробиотата е целиот свет на микроорганизми кои живеат во нашето тело и на нашата кожа. Кога ќе ја погледнете микробиотата под микроскоп, ќе видите стотици илјади милијарди бактерии, вируси, габи, па дури и едноклеточни микроорганизми. Тие живеат со нас и пред раѓањето и не следат додека сме живи. Таа нераскинлива врска е од витално значење за нашето добро здравје и имунитет, од првиот ден од раѓањето и во текот на нашите животи. МИКРОБИОТА Е КЛУЧ ЗА ЗДРАВЈЕТО!

Постојат орални, вагинални, цревни и кожни микробиоти. Микробиотата е составена од добри (корисни) и лоши (патогени) микроорганизми кои живеат во хармонија и воспоставуваат фина рамнотежа во телото и на кожата. Тие еволуирале заедно со луѓето, се составен дел од сите наши животи и имаат многу придобивки за нашето здравје. Составот на микробиотата е под влијание на многу фактори, почнувајќи од нејзиното формирање и цело време во текот на животот. Дисбиозата е нарушување на составот на микробиотата на таков начин што има недостаток на добри (корисни) бактерии или вишок на лоши (патогени) бактерии.
Ако дисбиозата не се коригира во првите 1000 дена, таа придонесува за развој на разни болести во текот на животот.

Нема два исти миктобиоми. Твојот е уникатен, исто како отпечаток од прст

Вашето милениче може да има големо влијание врз разновидноста на бактериите.

Исхраната, стареењето, стресот, лековите, па дури и околината можат да го променат 
вашиот микробиом. 

Целосно формиран и здрав микробиом може да достигне тежина на еден мозок. 

Целосно формиран и здрав микробиом може да достигне тежина на еден мозок.

Цревата се дом на околу 100 илјади милијарди микроорганизми. Тоа е 10 пати повеќе од бројот на човечки клетки во целото тело.