ЦЕЛ ЕДЕН НОВ СВЕТ ВО ТЕБЕ

ЗАПОЗНАЈ ГО, ЗАТОА ШТО Е ВАЖЕН И ЗА ТЕБЕ И ЗА БЕБЕТО

ДА ТРГНЕМЕ НА ПАТ ОД

ДЕНА НИЗ ТВОЈОТ СВЕТ

Ова патување започнува сега, од првиот ден, уште во стомакот и пред да ви се сретнат погледите за прв пат. Вашите најважни, први 1000 дена. Можеби сега не ви звучи како многу време, но важно е да знаете дека токму тие први 1000 дена од животот на вашите малечки се посебно време кое има големо влијание на тоа како тие ќе се развиваат, растат и учат – и не само тогаш, туку и во текот на целиот нивен живот. Текот на ова ваше најважно патување го одредувате вие, вашите избори и вашиот микробиом.


270

152

БРЕМЕНОСТ И ДОЕЊЕ

Велат посебни искуства за една жена. Иако од првиот ден, кога дознаете дека очекувате нов член на семејството, целиот фокус се префрла на бебето, важно е да не се заборавите на себе. Пред сè, кога мамите се здрави и задоволни истото можат да го обезбедат и за своето бебе. Подгответе се за нови искуства.
Без оглед дали сте бремени или доите, важно е да се грижите за своето здравје. Со грижа за себе обезбедувате здрава иднина за децата, затоа што ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НИВНОТО ЗДРАВЈЕ! Освен нутритивно вредни намирници, во бременоста е многу важно да се обрне внимание и на микро светот во вашите црева. Потребно е да го поддржите вашиот микробиом. Микробиомот на трудницата составен од корисни бактерии помага во одржување на доброто општо здравје не само на вас, туку и на вашето дете.

 
 
 
 
 
 

365
 
 
 
 
 
 

365

2. МЕСЕЦ – 1 ГОДИНА

НОВОРОДЕНЧИЊА

Можеби ќе ви се чини дека сега некои денови, а и ноќи, поминуваат многу споро, но знајте дека вашето бебе сепак се развива многу брзо. Меѓу четвртата и 24. недела особено, а во текот на целиот овој период мајчиното млеко има важна улога. Дознајте кои заеднички промени во овој период ве очекуваат.
Светот е полн со предизвици за новороденчето кое доаѓа на свет. Бебето прв пат се среќава со вкусови, почнува да јаде своја прва храна, мајчино млеко или формула. Во овој момент е важна микробиотата која се ангажира и помага на бебето да го свари млекото.


365

152

1-3 ГОДИНИ

БЕБИЊА И МАЛИШАНИ

Дали знаете дека микробиомот на вашите малечки е скоро целосно формиран до нивната трета година од животот? Откријте на кој начин можете да помогнете во здравиот развој и формирање на микробиомот. Направете ги вашите први чекори кон нови сознанија и осигурете ги нивните први чекори кон нови авантури. Микробиомот е неверојатен, жив екосистем во телото. Се формира интензивно започнувајќи уште од бременоста на мајката, сè до 3. година на детето кога почнува да се стабилизира. По овој период, микробиотата на вашето дете почнува да личи по состав на микробиотата на возрасен човек. Овој период е клучен, затоа што се формираат темелите на микробиомот, кој подоцна во текот на животот малку се менува.